Сетне ќе имам безличен поглед со многу ѓерамиди и попусто ќе пекам макар по осминка бурек со бели едра.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тие што тргнаа преку Веселички Рид уште еднаш, штом се завкачиле по падините на ридот, виделе дека попусто ќе одат и понатаму: во снегот немало никакви траги, ни човечки ниту, пак, од некој ѕвер, но зашто била издадена таква заповед, се префрлиле преку рид и низ Веселчани и по Џаде дури до Алинци стигнале, а другите, кога дошле до Галичка Река, решиле да не одат понатаму: од Алилово натаму снегот по патот бил сиот разгазен и колку повеќе се приближувале до градот тој толку поразгазен станувал, па зашто никој не можел да одреди кои стапалки чии се, дали од другоселски пазарџии или од ајдутинот и од Бошета, и тие се вратиле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Ако дојдевте утре попусто ќе ѕвоневте. Утре в зори патувам.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И едниот и другиот знаеле дека попусто ќе се обвинуваат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На овој пат низ неоткриени географски места, стварноста ја доживував поинаку отколку таму, во Пупипафија, Во таа моја улица и моја татковина.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не убедувајте ме дека сончевата солза беше капка моја пот. Попусто ќе е.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Потоа попусто ќе настојуваш да се сетиш на сите поединости што си ги видел бидејќи нема да успееш да си објасниш што се се случувало во тој момент и што се си успеал да различиш и да издвоиш од сината светлина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира дека имам многу размислувано за моето заминување и за се она што се случуваше дента кога го сретнав човекот за кого помислив дека ќе ме усреќи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Ами што иљач, Аритоне Јаковлески, - рече стриче Силе, - попусто ќе ги трошиме апчињата, свршено е со него, брате.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таа ви се искрила како светлина во водата, попусто ќе бидат сите обиди ако посакате не повеќе, туку барем еден миг да ја имате во дланка заедно со водата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ќе врескаше како мачка, но сето попусто ќе ѝ беше ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)