Бидејќи јадењето во куќата на Адам обично е компромис од наследени вкусови, ручекот, како и појадокот, е стриктно од новиот свет - сендвичи со хамбургер, сирење, шунка или јајца, повремено, во понеделниците или по празниците, сендвичи со печено месо од пиле или мисирка и, се разбира секогаш откршено парче пита или колач, и овошје - јаболко, круша, а понекогаш можеби и банана.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Постојано се прашував до крајот на нашата преписка и потоа: која беше Елен Лејбовиц, која толку силно, речиси со светлината на метеор ја осветли мојата балканска сага и згасна?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Животот ја беше научил Мајка да верува дека човечката среќа е составена од повеќе делови и дека нејзе секогаш ќе ѝ недостига еден дел, понекогаш можеби битниот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Агна би рекла дека многу од ова што правам е поврзано со моето Јас и дека понекогаш можеби е тоа претерано и дека е можеби пречка да се види светот со сите исенчености и во сите нијанси.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Литературата ни нуди чудна, мистериозна утеха, понекогаш можеби опасна во своите предвидувања, но спасоносна и ослободувачка...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)