Л.А. се потпира врз рамото и „темниот балкански аспект“ на патникот во проценката на студено-жешката сензуалност на полските девојки: Сè имаат, па зашто да се секираш ако понекогаш им фали содржина.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На разните служби понекогаш им помагаше на свој начин, што се вели, лечеше од око.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Бабицата проверуваше, гледаше како плодот напредува, но постојано ја мачеше помислата: што стана со оној нејзин поранешен плод; останат ли е во неа, се стопи, или можеби се работеше за лажна бременост, каква што често се случува кај жените, особено кај оние што имаат преголема желба да имаат пород, да родат, и кои обземени од тоа и од психичката напнатост - понекогаш им се присторува како да зачнале: им се јавуваат слични знаци како кај затруднета жена: болки во стомакот, во половината, гадење, повраќање, посебна желба за јадење, несоница, чувство дека мевот им расте...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Патникот сѐ уште на непцето ја чувствува лутината на халапењос (се пишува со „ј“ на почетокот и капичка над „е“), зелени мексикански феферонки што ги проба попладнево кај Луис Алфонзо.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)