Мојот дедо татко на мајка ми Нисе, син на прабаба ми Трајанка, беше работлив човек. Понекогаш знаеше да претера со работа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ќе се смешаме во нивното мноштво, си мислеше, а таму понекогаш знае да биде и толку топло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Понекогаш знаеше вкусно да изненади со прекрасен балкон од црно железо и свиткани лаци кој, како на високата куќа отспротива, го врамуваше небото во мрежен дезен.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Бојана е сестра ѝ, врсници се со брат ми, и понекогаш знае да се шегува на наша сметка. Ама, тогаш не.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Извесни аматерски сили на отпор кон вака запченички употребени психологии понекогаш знаеле скандалозно да изреволтираат.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
И нејзе ѝ беше жал за нас двете, а можеби и за себе и за нејзините другарки, можеби и таа си имаше свои стравови поради разделбата и што знам јас што, но знаев дека не ѝ е лесно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тоа лутање понекогаш знае да поприми кошмарни димензии токму поради моќта својствена на човекот - да создава ментални проекции во согледувањето на нештата и во барањето смисла околу сето тоа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Вториот пациент, исто така тежок случај, понекогаш знае да ме врати на почетокот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)