Ама подоцна, кога созреа, најпрвин во партизанските одреди на ЕЛАС, потоа во Егејската бригада, па служејќи во Југословенската народна армија, а потоа и во народната милиција, размислуваше, а размислувањето понекогаш беше рамно и на неизвршување на наредба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Понекогаш беше тепан сѐ додека можеше да стои на нозе, потоа фрлан како вреќа со компири на камениот под во ќелијата, оставан неколку часа да се соземе, а потоа повторно одведуван и тепан.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Понекогаш беше во состојба со денови по ред да заборави дека некогаш воопшто бил оженет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И во суштина, иако не беше употребена за ниедна од тие цели, туку само за автоматски процес на производство - произведувајќи добра кои понекогаш беше неможно да бидат дистрибуирани - машината навистина и значително го подобри животниот стандард на човечкото суштество во еден период од околу педесет години, на крајот од деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако понекогаш бев груба и нетактична, тоа е работа на миг.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И кога се омажив односот беше три спрема еден, вие тројца мажи, наспроти мене едно женско, па понекогаш бев привилегирана од вас.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Како секој ден да му беше друга песна – некои утра беше замислен и благ како балада, понекогаш беше страстен и жесток како рок, за другото утро да биде суров и остар како панк.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Понекогаш бев груб, дури и суров со тебе - прости ми за грубоста и суровоста, зад нив ја криев својата безгранична љубов, а срцето ми крвавеше.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Понекогаш беше и интересно, тоа старче, имаше понекогаш и вакви, чудни мисли, и кога не ќе беше видлива од зад тоа неговата рачичка, тогаш Змејко можеше и да го слуша.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се свртев. Гил понекогаш беше таму, но сега увидов дека тој е дете, дека има големо тркалезно лице со насмевка.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
ЖИВОТОТ НА СЕЛО На село требаше да имаш и резервна сила за да работиш, а работата понекогаш беше многу тешка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Понекогаш беа пристојни и тогаш безглаво бегавме од нив.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)