понатаму (прил.) - во (предл.)

Тие, значи, функционираат во популарниот код, но претставуваат и негова субверзија низ наметнување на или јасно критичен или вознемирувачки двосмислен став, како што низ популарниот „принцип на задоволство“ ѕирка и она „зад“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делата што ќе бидат претставени референцијално се втемелени во популарната култура, но контекстуално и понатаму во идејата за висока уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Доколку овој отказ го добиеше пред Нова година, ќе го стекнеше правото на надомест до пензија, што би било некој позитивен аспект од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поучен од претходните случаи на вработени кои тужеа за изгубените работни места и кои добија, по што беа вра- тени на работа, но притоа во знак на одмазда им беа поставувани „невозможни“ услови и/или беа прераспределени на места надвор од местото на живеење – тој беше решен да си замине од компа- нијата, но да го побара сето она што му следуваше за последните три години (оти паричните побарувања од плата застаруваат за три години).3 За да има доволно докази, тој првин се обраќа до компанијата – со Приговор дека неправилно бил отпуштен со повредени материјали и работнички права – по што, тој добива повратно Писмо како одговор кое, пак, понатаму во парниците го приложува како доказ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш по ова, тој добива Известие за отказ со тримесечен отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да, јас сум и понатаму во своето тело, а слишатели ми се не само овие што се дојдени по повод моето умирање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој ме погледнува и не се впушта понатаму во разговор, не му е јасна таа моја „друга“ работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден од кодошите што го прати дедо ми во затвор живееше неколку врати понатаму во истата зграда.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Цртачот на стрипови, драги глувци, можеби не е „лекар на убавината”, каков што беше, да речеме, господинот Леонардо, но ги секцира „нештата” на таков начин што неодоливо ги привикува аналогиите како на првите анатомски маси на Версалиус, така и на бесконечното делење на материјата со судирање на честиците, или на господин Вазарели, да не одиме понатаму во декоративното минато.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Учествував во рации, изнудував спонтани признавања, работев против вас до границите на сопствените сили, сѐ до моментот кога сфатив дека не можам да отидам понатаму - потсетете се дека бев првиот полицаец што ја проби вашата линија на оган - не можав да отидам понатаму во суровата служба во корист на граѓаните.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ѕвездите паѓаат и понатаму во реката Што требаше негде да пристигне. (Можеби и затоа Не се слушнал заѕиданиот во ноќта женски плач). ...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Синдикатот мора да е еден од главните фактори при креирањето на социјалната политика во државата, а не целото време да го мине во дефанзива и само да се бори за намалување на последиците од штетните законски решенија, чијшто број, како што ќе видиме понатаму во оваа студија драматично се зголемуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Експлицитно се воведе и обврска на работодавачите да го утврдат почетокот и завршетокот на неполното работно време и да водат засебна евиденција 17 Детална анализа на оваа крајно тенденциозна законска измена ќе следи во анализата на Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување понатаму во овој текст. 22 на овие работници, додека пак за вака заснованиот работен однос АВРМ еднаш месечно доставува ивештај до Државниот инспекторат за труд (чл. 7 и 8 од ЗИДЗРО/фев.13).18 1.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Моето тело гореше како што може да гори телото на еден седумнаесетгодишен младич, и како што, за жал, веќе никогаш понатаму во животот не копнее по друго тело.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уште и пар зборови за денешните девици што ги изложуваме пред вашите (творјански) монструозни очи: Вулкански во меѓувреме стигна начисто да се прешалта на македонски и дури објави (специјален, луд!) речник на македонски зборови, за цело време шетајќи низ градот со своите три црвливи маски и не вадејќи го од уста неговиот неприкосновен херој Даркмен, а потоа и Дишан (три маски), Џојс (забележете какво огромно влијание врз трите писма на Вулкански има тој апсолутно најдобар писател во 20 век!), Набоков, главно сѐ некакви џиновски фалсфикатори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Станковски исто моментално шпарта низ Скопје, здебелен ко лилјак наждран од невестински коси (секој понеделник се пушта од една висока зграда и лета со своите огромни несмасни крилја чиј што шум вие го слушате таму некаде во етерот), и понатаму во сликањето фура циклуси (сега актуелен: Хитлер), и понатаму (со својот антагонистички компањон) се обидува да го објави „најдоброто уметничко дело по сломот на комунизмот, единственото дело што доволно широко ги сублимира сите аспекти на овој апокалиптичен крај на веков“, фамозниот стрип „Лабрис, тунел на стравот и ужасот“ кој, во мали дози, веќе една година излегува во Австрија, додека Сорос (единствениот реален културен спонзор во Македонија) ту дава ту не дава пари, очајно обидувајќи се да балансира меѓу незаситните (подолго време клинички мртви, и можеби поради тоа така скапи) државни “културњаци” (култур-трегераши, поточно) и оваа шепа јад од другата страна, тнр. “алтернативци”, кои според сите природни закони мора да ги има и мора да добијат шанса, но ете, ниту ги има баш, ниту пак македонскиот Сорос е доволно јак да престане да ја купува сопствената стабилност од купиштата прегазени лешинари (в. стр. 2, 3, 4).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Развлеченото искуство на еротската немаштија што нужно и болно го доживуваат сите геј-мажи што растат во стрејт-општество го претвора обичното остварување на обичната хомосексуална желба во некаква недостижна фантазија – каква што честопати останува дури и кога, понатаму во животот, паланчанчето ќе се пресели во некое геј-градиште каде што сексуалното остварување на неговите претходни еротски сонувалства на крајот излегува детска играчка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелвил и го антиципира и го обратува Вајлда: Секој човек можеби го убива она што го љуби, но и секој човек го љуби она што го убива: Нека им биде ова предупреда на приврзаниците на мажественоста, на оние што претпочитаат геј-еротичност повеќе од геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што самото по себе и за себе можеби е лесно остварлива желба, кога ќе се забрани и попречи, станува невозможен сон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот. ‌Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ИЛИЈА: И понатаму во разговорот ѝ рече: „Ќе се повртам“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Третата можност ужива извесна поддршка: задолжително лекарско одобрение за уживање дрога, како што тоа го прават Британците. Сличен приод би бил и ограничувањето на достапноста на дрогата на познати зависници, што би се правело на специјализирани клиники. Во таа смисла власта би можела да бара издавање дозволи на легалните уживатели.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Предноста на ваквите системи е во тоа што благодарение на нив би можело да се сочува контролата над уживателите кои евентуално би морале да посетуваат предавања за последиците од дрогата за која се определиле, би биле подложени на постојана лекарска контрола итн. На овој начин уживателите и понатаму во извесна мера би биле обележани, што еветуално би можело да ја обесхрабри побарувачката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но исто така токму во виртуалното се чува минатото, бидејќи оваа ефемерност не престанува да тече понатаму во она што е „најмало”, што упатува на промена на насоката.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како што бидува: за Домата Господова, за домата овоземна, за бело-црвено, за имањето, а понатаму во кошница ги редила. Алово светнати.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
8. Контрола и надзор во областа на работните односи Како што може да се види од анализата на посебниот Закон за инспекција на трудот (1997), 39 која е дадена понатаму во оваа студија, овластувањата на Инспекторатот за труд и правата на работниците предвидени со тој закон не претрпеа намалувања, од почетокот на транзицијата до денес. 39.  Закон за инспекција на трудот; Сл. весник на РМ, 35/97. 57
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Колку што читаше понатаму во образложението, за причините за развод, за раскинување на бракот, толку стануваше пореволтирана...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
18. Времето се грижи за зборот зборот што го обновува Тој што му длабеше во корењето го гради доградува и виши во куќата на светот Вербата штира не е Ни неверен е зборот Убавината да му се верува на надежта е врсник И онаа земја иловица густа раката што му ја памети се врти врти и понатаму во лика нова нудејќи ја светлината нова на говорот ризата небесна нитките што ја ткаат на несвенатиот збор И уште и натаму сега од пределите на глината над запомнатата стреа продолжува тој кон муграта да гледа со стрептеж незгаснат за повтежот на говорот да го досегне реченото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Рошна понатаму во ковчеџето и го најде гобленот што го везеше Илко: го оддипли и почна да го разгледува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
До колку Конференцијата не ја измени својата одлука - се вели понатаму во нотата - Силите би се нашле пред еден конфликт чија што сериозност би била поголема одошто сериозноста на преседанот што би се создал со менувањето на таа одлука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во обата случаи, на уметникот што пости и анорексикот, битно е дека тие го требаат големиот Друг којшто набљудува што тие прават и когошто се обидуваат да го уверат дека можат да одат уште понатаму во сопственото жртвување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ова мора да биде разговор меѓу мене и тебе, затоа раскажувам и понатаму во прво лице еднина („Јас“ си Ти, и јас!): најдена среде ѕидините на манастирскиот двор излегов од себе, негде вон, неволно и брзо-брзо се прибрав како зрна жито расфрлени за колвање збирај-збирај, не се дособира!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како еден чекор понатаму во овој правец беше и семинарот што го посетив овој Септември, за музико-терапија, а веќе след­ ниот ќе биде проектот што го планираме како мултимедијална, интерактивна претстава, во склоп на поголем проект организиран од Институтот за психологија при филозофскиот факултет. M На крај, ќе им оставиш порака на твоите фанови?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Или на оние што не те познаваат, на целата таа неиздиферен­цирана маса вон корициве, нешто ко епитаф, секое медиско експонирање е ко мала смрт, некој чуден оргазам на некакви Матрјошки во тебе, некое далечно ехо, така ли, потпиши се во книгата на впечатоци на овој сеизмограф, драга моја, и ти благодарам. 84 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ти, несреќнику лажлив, остануваш и понатаму во својата беда.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некаде после воденицата се протегаа пространи зелени ливади а понатаму во далечината густи шуми.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Споменатата наративна поетика, колку што дава можности за опфат на големи простори и длабочини, доколку изобилува со меѓници кои те ограничуваат да одиш понатаму во опфатот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Понатаму во пресудата се редат веќе познатите настани: ноќта на 29 април, во моментот кога жителите на градот не биле уште прибрани во своите домови, „агитаторите“ се обиделе да го спроведат во дело својот план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)