понатаму (прил.) - ме (зам.)

Меѓутоа, идентитетот на Monty Cantsin и понатаму ме окупираше, сè додека на крајот, благодарејќи � на една низа од наизглед неважни а потоа и еден пресуден настан, не успеав исцело да го дешифрирам. што беше тој пресуден настан засега нема да откривам, а впрочем од писмата на Монти и онака брзо сè ќе се разјасни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бевме точни и меѓусебно си ги раскажавме филмовите, работите, ги утврдивме делумните идеолошки разлики, таа и понатаму ме прифаќаше како чудесно да ѝ е доволна таа сегашност без причини, без прашалници; речиси не ни забележуваше дека секој будала би помислил за неа дека е лесна или глупава, чудејќи се дури што не се обидувам на истата клупа во кафулето, што на потегот од улицата Фроадво не ѝ ја префрлувам раката преку рамото во тоа прво движење на интимност, што, иако знам дека е сама - помладата сестра најчесто не е во станот на четвртиот кат - не барам да се качувам горе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа плачеше, ја чувствував како трепери покрај мене иако и понатаму ме топлеше, иако и понатаму ме придржуваше со целото свое тело потпрено врз yидот на мртвите; ништо не ме праша, не сакаше да знае ниту зошто ни откаде, немаше намера да се бори против машината поставена од цел еден живот спротиставен самиот на себеси, 63 спротиставен на градот и на неговите лозинки - само тој плач на повредена животинка, тој безволен отпор спрема победата во играта, скршен отпор на разбранетата игра на пајаците во бунарот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Запре за момент со прикажувањето но и понатаму ме гледаше насмеана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не можев да го издвојам и замолкнам тој глас што нѐ раководеше во решавачкине моменти бидејќи во него расппознавав и многу мои зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам зошто, но и покрај различните патеки што ги фативме, на лединката по која чекорев осамен и издвоен, и понатаму ме следеше гласот на Ѓурчина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да, да, само за едно знаев: знаев дека е закачен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зборуваше… Зборуваше…а во неговите зборови ниту траг од сочувство поткрепено од надеж… или барем некоја ситница што ќе потсети на оној низок лет на ластовицата над калдрмата по долгата суша, во оние пресудни мигови на очекување на дождот кој ќе ги подигне од загрејаната почва замелушавените мрзливи инсекти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Заборавив да спомнам: Стариот писател Зрновски, барем според она што го рече, дошол да ги оправда нив двете но и понатаму ме уверуваше дека во моментот кога ќе ги прифатиме како вистинити приказните што ги создава расипаната фантазија или очите на поттикнувачите на злото кои за жал напати умеат да ја преземат улогата на нашите очи, животот се престорува грдо калиште.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)