понатаму (прил.) - го (зам.)

Поради ова, вниманието што интернационалните музеи и понатаму го посветуваат на овој уметник сѐ уште предизвикува негативни реакции кај одреден дел од свет­ската јавност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но тоа не е единствено од што се оградува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека Рој Линхенштајн денес е признат како рафиниран, ироничен, сериозен манипулатор на готовите слики што ги користи во своите дела, Ворхол одбива да ја ублажи световната страна на својата уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слична - затоа што пресоздавањето на исушената вода и понатаму го означува врутокот на песната, различна - затоа што овојпат вратата на песната ширум се отвора со клучот на буквалната болка.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Поновите истражувања, засновани на современиот научен пристап на личноста, во многу што успеаја да го тргнат велот на тајната од творештвото, но и понатаму го поддржуваат ставот дека творештвото, првенствено уметничкото, во суштина е абнормална состојба, бидејќи во моментите на интензивно вдахновение ги има сите карактеристики на присилно невротично дејство, кога творецот чувствува дека извесни идеи му се наметнуваат со некоја натприродна сила така што делото не е сосема негово туку и на некоја мистична сила која му го диктира стихот (Блејк), мелодијата (Моцарт), линијата или обликот (Микеланџело), коишто треба да се извлечат од дотогаш неорганизираната материја и да им се даде форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И се разбира, и понатаму го читам Роберт Крамб, кој секогаш ме изненадува, ако не одушевува. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не можеа да поверуваат дека Господ се спуштил меѓу своите поданици. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но познато е дека неговиот пример понатаму го следеа милиони луѓе на релација Вардар-Триглав.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Велес, Кукулев побара стручна правна помош, т.е. си ангажираше свој полномошник- адвокат (Б.Ангелова), која понатаму го застапува во сите фази и дејствија на постапката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа следуваат и „вообичаените“ реперкусии за тужителот кој, нели „се дрзнал“ своите 148 законски права да ги бара преку суд: тој е викан на разговор „во четири очи“ од страна на своите претпоставени, со цел да му се изврши притисок да ја повлече тужбата; потоа, откако овие заплашувања на надредените не вродија со плод, тој е шиканиран како „нелојален предавник на фирмата“ и повеќе не му се давани никакви дополнителни ангажмани, коишто претходно вообичаено ги извршуваше и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А „културните“ будали што нѐ доведоа до таму и понатаму го опседнуваат бедното министерство и се жалат на суровите времиња кои немаат разбирање за нивната ступидна „култура“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Лири настапува како полн со моќ, динамичен учител во најчистото значење на зборот: додека предава, се препушта, и понатаму го прима новото и учи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, неразумно е да се очекува машката геј-култура да го разглоби доминантниот општествен и симболички систем на кој таа му е само бистар и верен одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доблест на машката геј-култура е да ги бележи, а потоа и да им се опира на облиците на општественото раслојување што и понатаму го структурираат нашиов свет, но кои современите либерални општества редовно ги одрекуваат, а кои цел еден рој современи лицемерија и божемни чедности – вклучително и популарните, сентиментални видови на феминизмот – по правило се трудат да ги заташкаат. ‌Ако машката геј-култура нѐ учи (биле ние геј или не) да се смееме на ситуации што се ужасни или трагични, тоа е затоа што се стреми да одржи тензија меѓу егалитарната етика и хиерархиската естетика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И понатаму го слушам братучедот Германа како на луѓето им раскажува и се прашувам дали ќе се сети да погледне зад штиците што ги имам исправено на ѕидот од чардакот и каде што имам засолнето две дренови патерици останати уште од баба ми Петкана.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А мајсторот и понатаму го искушувал: „Нели, не е најумно да му се препушташ на стравот кога ќе се спуштиш волку длабоко?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мил и понатаму го гледаше збунето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)