понатаму (прил.) - седи (гл.)

Знаев речиси сè, бев упатен во сите поединости, па сепак, не знам зошто, откако ја скрив срџбата зад широката насмевка, и понатаму седев спроти него и потпрашував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А што конкретно треба да се има предвид?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш, со истиот бавен чекор, се врати назад и виде дека Едо брезничаноцот и понатаму седи на талпата пред продавницата, налактен и со главата обесена меѓу колената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А неговиот сосед Н.С. и понатаму седеше неподвижен, зачуден и одамна отсутен од сè она што се случуваше околу него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- И од пред мене, - вели баба ми, а малку понатаму седи дедо ми крснозе, пред него мезе и пагурчето со ракија, пуши на луле од кочанка и го сука мустаќот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)