половина (прил.) - село (имн.)

Ете, за пример, јаска ниту аз, ниту буки, ниту глаголи не знам... - Не знаеш, ама глаголиш колку за половина село...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во меѓувреме тука, околу камбанаријата, се насобра едночудо народ, ако не и половината село.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И така половината село го прими на конак бугарскиот поп, а другата половина – грчкиот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А неговиот имот би прехранил половина село.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)