половина (прил.) - ден (имн.)

Половина ден пат одење - е првата линија на фронтот и смртта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му бев многу благодарна за тоа што ми го олеснил пакувањето кое инаку требаше да трае половина ден.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Некого да чека, и тоа речиси половина ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонот, или гласот, или привидението ... или ни едното, ни другото, ни третото, не го напушташе, еве, веќе половина ден.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А еве, сега, речиси по половина ден од онаа леснотија со која бев исполнета, преполна сум со страв, со лоши претчувства, иако божем сум насмеана!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти должам големо извинување, Ташо, бидејќи на твоето заминување гледав само како на обично поминување од еден ден во друг, или како на една од честите преселби на птиците што не се случуваат поради промените на сезоните туку само поради невремето што напати ќе нѐ затекне сосема неподготвени, а тебе токму тоа те снајде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таму нѐ носеа не за да гледаме футбалски натпревари, туку во трчање и играње на зелениот килим од ниско искосена трева да го поминеме половината ден.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога се фрли во морето веќе цела ноќ и половина ден се оддалечувавме од нашиот брег. Тоа не е мал пат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)