Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А невољите продолжуваа, половина град го гонеше поради долгови, со жените го правеше истото, земи ги - разведи ги и се надевам дека кога-тогаш клетвите ќе го стигнат.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Всушност оваа постапка на Грофот ме потсети на случајот со нашиот одговорен уредник, кога тој истрча од канцеларијата пред нас а ние петмината соработници се стрчавме по него и го протрчавме речиси половина град, вклучувајќи во оваа натпреварувачка патека и добар дел од главната улица за да втасаме барем во исто време кај компетентното лице во Реонскиот комитет за да ги изнесеме причините за неизвршената задача.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)