Пците му се назагнаа и да не беше полно торбето со леб, ќе го симнеа од магарето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зашто утредента во мугрите, по една цикна што не се памети, се собравме ние маалските деца во една тајфа и тргнувавме од куќа на куќа да извикуваме „Сурова, Сурова Нова година!“ Од куќите пред кои извикувавме излегуваа домаќините со чинии ореви, со дивјачки, со парчиња сушено месо и луканки, ни даваа по малку во секоја куќа и на крајот речиси секој од нас, се врати дома со полно торбе.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)