полесен (прил.) - ќе (чест.)

Информацијата многу полесно ќе може да се сместува во електронска меморија која што има поголем сместувачки капацитет од церебралната меморија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Можело, на пример, поради каква да е причина да не дојдат тие двете на изложба, или да дојдат дури откога ќе биде затворена, или да намине само девојчето, во кој случај изненадата полесно ќе се изживееше, зашто немаше да се гледаат меѓу себе ужалани и немошни пред уште една навреда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зашто, само така полесно ќе биде и подобро ќе може целта да се обвистини: ударот да биде ненадеен и силен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да ми удрија шлаканица, да ме караа, полесно ќе ми беше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си мислеше, потајум, дека, ако Сокол Мечевски навлезе во тајните и во клучевите на прилепските сиџили, полесно ќе стигнат до крајната цел, во потрагата по семејната историја...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко веруваше дека потрагата на Сокол Мечевски ќе ја влее во сопствената и, така, полесно ќе стигне до тајната на семејството на Окијаровци.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Камо да вревеа полесно ќе се поднесеше ова тешко, безизлезно молчење.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но децата се прибраа. Мирно е.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само кога би можел некако да им јави дома да не се грижат, да им јави дека сѐ ќе издржи, сѐ ќе поднесе, а тие да си седат спокојно дома и да си ја гледаат работата, полесно ќе му беше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега жалеше што со себе не понесе и некоја книга, некој учебник, со нив полесно ќе му поминуваше времето, книгата можеше да му биде другар во долгите часови на осаменост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Колку што водата е погорешта и колку што крмакот е уште топол, толку полесно ќе ти биде да му ја орепаш кожата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И ден-денес не сум сигурен дали Луција имаше право; она во што сум сигурен е дека, под други околности (доколку таа не беше член на Партијата, на пример), јас полесно ќе се согласев со тезите за здрава и нова народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислам дека уште како дете заминал да работи во јамите од другата страна на ридот. Или некаде уште подалеку”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таму полесно ќе го сретнеш одошто овде, во градов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Е, батка Ристе", му реков - се гледа дека се готвиш да се главиш чирак кај Настрадина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ајде, богати, дали полесно ќе му ја скинеш главата на младото петле или на неговиот дооден дедо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас бев искрен, затоа ве молам и вие да бидете искрени кон мене, со што полесно ќе влезете и поубедливо ќе го доживеете светот во кој сакав да ве воведам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веќе спомнатиот Вуди Ален вели дека уметноста е привилегија на интелигентните и образованите, но кога луѓето полесно ќе се разбираат, таа би се претворила во разбирливо сознание на светот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја кренал здрвената рака забигорена до самото рамо и најпосле, како со туѓ показалец, го повлекол железното јазиче на кубурата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИЛИЈА: Да те пуштев поминатата недела да одиш, од дома и, полесно ќе можевме да ја земеме...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ТОГАШ Просторот што сега го завзема моето тело полесно ќе дише.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога таа ќе те види насмеан, и нејзе полесно ќе ѝ биде“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Максим многу се израдува на неговото враќање, се понадева дека двајцата многу побрзо и многу полесно ќе ги доведат во ред имотските работи, но Јосиф, кога му рече за тоа, како што седеа на чардакот, стана и се прошета од едниот до другиот крај.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Наведнат полесно ќе ги види дамките што не биле и што не се ’рѓа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оние што ќе дојдат по нас полесно ќе пловат со машини отколку ние со една.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некој штрбав, или некоја ќелава, грбава полесно ќе ја вработат од мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако физичката привлечност е обострана многу полесно ќе го оствариме контактот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако не друго, барем полесно ќе ѝ гледам на стварноста во очи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Битно е зашто на тој начин полесно ќе се навлезе во сложениот механизам со кој таа ги пласира своите значења, своите поенти и откривања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да можеше човек уште од првиот час да се привикне на такво нешто: едноставно требаше да се биде само малку глуп и лицемерен, тогаш сигурно полесно ќе дојдеше до подобра карактеристика и сѐ што следуваше со тоа парче хартија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таквите сигурно поспокојно, полесно ќе ги преживеат уште тие неколку преостанати мигови од животот ако никој отстрана не се замеша, ако воопшто се остават на самите себеси, на својот мир.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше опкружена со вревата на животот на своите внуци, внуки, рожбите на своите рожби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Охрабрувана од нешто што само таа го знаеше, се обидуваше да се спротивставува во тие мигови на осамата, верувајќи дека полесно ќе ја совладува со татковите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога султанот си отиде и ги испофали валијата и сите големци за убавата саат-кула и за џамијата на тој Мурат-ага, која е вистина не многу голема, но дајбоже, нека биде долговечна, Мехмед-паша му даде, како што му вети на Марко, еден гаваз, и макар што овој се противеше, го убеди дека со него и со Бошко, полесно ќе се справат со калуѓерките на Свети Никола кожленски.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе ја испружев раката и те држев за главата, мислев така полесно ќе ти биде, како да сакав да ти дадам енергија од себеси, да издржиш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Со добро: ѝ велеше дека тоа што го прави, го прави заради неа, за нејзино добро, да може да се движи лесно, витко, да може мирно да спие, лесно да дише, векот да ѝ се здолжи; ја молеше да најде сили, да издржи со диета; ѝ велеше дека најтешки се првите денови, а потоа сè полесно и полесно ќе ѝ биде, ќе ѝ мине во навика, во одмереност, во ред.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но за среќа на државата ништо не ѝ должи, па затоа сигурно таа болка полесно ќе ја преболи. (Сите предмети што биле одземени од Чардаклија, Баручиеви ги донеле кај татко ѝ уште во времето на војната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Добро, Зоки, - вели таа, - можеби вака полесно ќе ги запомниш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
СПИРО: Не, чорбаџике, натерај ме да влезам во мечкина дупка, полесно ќе ми е..
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Е?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Да се обидеме со помошниците“, им вели, „можеби полесно ќе ви оди“.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Алберт Ајнштајн, младиот службеник во Патентниот завод, упорно зјапаше во сончевите зраци надевајќи се дека така полесно ќе ги спознае мислите на Бога, оти се друго беше обична дребулија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Но, не затоа што сме кукавици, туку затоа што мислиме дека ако свесно ги лишиме од било какво значење полесно ќе ги заборавиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лузните, разочарувањата, болката и раните од животот со сета сила обидете се да ги затворите, не се срамете од нив, полесно ќе чекорите ако ја излечите душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можете да судите, немате право на тоа, не ги знаете причините, неможете да ја знаете вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Така полесно ќе може да го отвори разговорот што му беше цел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеби забележа дека сета таа ситуација ми е привлечна и сфати дека со тоа полесно ќе ме освои.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тетка Вале немаше ништо против да бидам слушател.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Навистина? – се израдува таа. – Нема проблем, седи и слушај ме, така полесно ќе извежбам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)