Во неа полесно се одгатнува дали ѕвоната од Кремљ ги опоменуваат спанковците или ужасни соништа ми ја расипуваат ноќта.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ти донесов и еден обичен компир – та дури од Македонија каде што сега садат норвешки сорти компири што се двојно поголеми од нашите а велат дека и полесно се варат и пореж се печат.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Додека миже, човек си мисли дека полесно се довардува татковината.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Расцепувањето на интелигенцијата, што Партијата го бара од своите членови и кое многу полесно се постигнува во атмосфера на војна, сега е речиси сеопшто, но колку е повисок хиерархискиот степен, толку е поизразено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И, куц-куц, тоа куцо човече почна и за ќајата Неби-ага да претставува камен за сопнување, не само филијка од лебот на папуџијата Јосиф: кај папуџијата Јосиф доаѓаше по свои папучи и лично кадијата Гази-баба, а Гази-баба не одбра Турчин за таа работа, туку баш рисјанин, зашто тој што беше седумпати едноподруго избиран за кадија на Скопје, со мудроста отиде далеку и виде дека душата на овдешниот човек полесно се предава со милост, отколку со сила.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„А, знам, без ум полесно се станува од ќафир бозук.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во темното море полесно се дишеше отколку пред тоа, во дневната горештина.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во нив јас безглаво се спасував пред диносауруси и пред други, уште, пострашни животни.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Со овој мој татко понекогаш многу полесно се разбирам, одошто со мама, - си помислив, замолувајќи го да остане малку со мене додека да ме фати првиот сон.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Со козите луѓе од разни вери и народности полесно се зближуваа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Човекот подалеку од Езерото, полесно се губел во војни, порази, а овде секогаш преовладувал мирот и човештината.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)