полека (прил.) - ѝ (зам.)

Стројничката го прикова погледот во медалјонот и полека ѝ рече: - Да помислиме, можеби ќе смислиме нешто...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа беше задоволна, ја прифати раката на Ема, ја смести меѓу своите дланки, а потоа растреперена од радост, полека ѝ ја повлече нагоре, ја бакна и, спуштајќи ја надолу, ја притисна во себе, на градите, како да гушка нешто најблиско и најмило.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нерамномерното движење за навлаката на автобусот ми го донесе најзиниот задник в скут. Полека- полека ѝ се залепив за задникот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Рози го гледаше како полека ѝ се доближува, со главата крената нагоре, а неговите четири шепи ткаеја ритмична шара на ледината што личеше на килим.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А потоа стравот полека ѝ исчезна од нецелосното сфаќање дека змијата не е вистинска, туку дека е едно од оние вештачки и успешно направени животни, кои луѓето ги ставаат во своите тревници за да плашат други луѓе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дишењето полека ѝ стана нормално.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повторно ја погледна и таа го почувствува ритамот на тапанот како полека ѝ се качува од под стапалата и ѝ запира некаде во стомакот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од денот кога еден сѐ уште ѝ ја пиеше крвта на другарка ми, друг полека ѝ се вовлекуваше под кожа, со крајна дестинација... е, таму каде што почнуваат нозете да растат, под здолништето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја тргнал со замислено накашлување. Не се исплашила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од лицето со зачудено извиени веѓи полека ѝ се изгубила светечката благост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека погледот ѝ тоне во темниот свод испрскан со соѕвездија, полека ѝ се смируваат дамарите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Полека ѝ се доближува Дејан, толку многу што му ја чувствува кошулата која мириса на свеж босилек што и нејзината мајка го редеше во шкафот со нејзината облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тоа време гледав како тетка Олга пребледува и ги подава рацете накај шолјата, небаре ќе фати нешто што ќе излета од неа, а потоа како устата полека ѝ се искривува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога потоа се запраша зошто е толку нервозен, сфати дека си мисли „Гадот се ожени и не живее веќе со мајка му“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дедо ми полека ѝ пријдува и ѝ шепоти: - Остави го детето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И кога за првпат ја посетив таму, видов дека во погледот, во држењето на телото, во гласот, полека ѝ се враќа некогашната сигурност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Конечно го најдов својот дом,“ ми рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полека ѝ пријдоа на вратата од сопчето и застанаа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)