Дури старците уште се расправаат, надвор некој се приближува на прсти зад Савета и полека му дига една
фигура.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Циљка го стави во скутот и полека му го отвори клунот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во погледот што полека му гасне последни искри: радост. Тивка, блажена. Дочека...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Погледот со мака го привикнува на полутемната просторија која полека му ги открива предметите како да изнурнуваат од матна вода.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И како што поновите слики ги заменуваа оние постарите, телото полека му се кочеше од некој нов студ, поинаков од оној надворешниот – од студот на ужасот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Нив неколкумина ги испратија први, ноќе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сети како онаа лутина од пред малку полека му поминува и повторно се поднасмевна, без да се почувствува виновен што не успеал да ја спречи воопшто и да се појави.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И полека му се заврзаа мислите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Неизвесноста од она што го носи идната ноќ, идниот ден полека му го затемнуваа убавото расположение што го зафати додека јадеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа полека му мина во страст, во навика, па дедо му Димо, ценејќи ја и почитувајќи ја таа убава навика, се трудеше средната греда од таванот во тремот, секогаш да биде слободна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нумо се наведна кон Пандо и полека му рече: - Пеат слушаш, нели?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Полека му се приближував, а еднаш го повикав да си играат нашите сенки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше есен, а јас му реков: „Нашите сенки можат да се допираат дури и ако ние не се допреме.“ И нашите сенки си играа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На небото ракетата полека му се измолкнуваше на видот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога оздраве Богуле и се врати во интернатот, го викнаа и внимателно, полека му кажаа дека татко му е умрен, му ја подаде телеграмата и му изрази сочувство жулнувајќи го со рака по главата нежно, татковски и молејќи го да најде сили во себе да ја издржи оваа болка, оваа тага; му рече дека знае колку е тешко и жално да ти умре родител и колку мачно се доживува тоа, но што може да се прави кога е тоа веќе факт, кога не може ништо да поврати, ништо да стори; со плачење и со тагување може само да си го довлоши и онака слабото здравје.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)