полека (прил.) - го (зам.)

Навечер додека полека го испива коњакот, мисли на минатото во кое главно место имаат сите тројца: самата таа, мајка ѝ и нејзиниот покоен татко, поранешен трговец со сточна храна во Гдањск, а потоа сопственик на мал хотел тука, во Варшава.  Влегувам низ задниот, службен влез на Холокауст центарот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој не слушаше што му зборува Рангел. Полека го заниша маглата од виното.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Истрчувам пред магарето и полека го вртам накај ливадите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се загледав во Влатко, Дејко и Ташко. Седеа крснозе, полека го тресеа пепелот од цигарите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По неколку пувкања ми дојде горчина во устата и како нешто да ме удри в глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сите се сложивме дека е така.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во тесниот зрак на нејзината светилка, нè гледаше со едното око и полека го испружи својот тенок сивкаст јазик, оближувајќи ги своите огромни очњаци.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Татко, откако исчита илјадници сиџили, полека го губеше видот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Жената полека го растрива.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му се чинеше ќе се распадне куќата ако чукне посилно; полека го спушти железото на потемнетото месингано лежиште.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговиот изглед на љубезен и бзделнички набљудувач кој полека го пуши своето луле во очигледно празното атеље, не можеше веќе да измамува: тоа не беше инерција туку спокојство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што невестата која, разголена но не и силувана, виси во својот стаклен кафез, додека ергенот под него ја дроби својата чоколада, Дишан е изолиран и сам со својата голема уметност која ја сметаше за не-уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа со врвот од јазикот го преземав и го прилепував на непцето, па го размазнував и со неопишлива сласт полека го голтав, држејќи ги очите што подолго затворени зашто така ми се чинеше дека насладата подолго ќе трае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додека полека го јадев јаболкото, тој ми раскажуваше за две вљубени птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше бајка која никаде не беше запишана, бајка која брат ми ја беше измислил за мене, или јас ја измислив многу подоцна, обидувајќи се да се сетам на детството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш ја наоѓав како спие, а нејзиното тело го прекриваа пеперутки, и потоа, кога таа се расонуваше, кога полека го размрдуваше телото, тие како облаци одлетуваа од неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ повеќе зборуваше за пеперутките, за нивните метаморфози од јајце, преку гасеница, па кукла, до пеперутка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останав да лежам така уште некое време, а потоа полека го тргнав чаршафот и станав од постелата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Излегов во ходникот и тргнав кон сопчето на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не зборуваа многу, полека го отпиваа и вториот пијалак.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Полека го вртеше пердувот низ прстите, не ни забележувајќи дека си ги замачкал со мастилото кое веќе се имаше засушено на наострениот врв од пердувот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Сиротко, уште спие,“ - шепна девојчето и полека го стави врз својата дланка, но одеднаш писна: „Мамо, Врапчето...“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Патуваа дома, секој на свој начин. Оној патуваше така. Растојанието од нив тој полека го скусуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го одржа ветувањето што ѝ го беше дала на тетка ѝ полека го отвараше писмото плашејќи се да не ја оштети содржината во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арсо полека го заклопува капакот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Разнежено го гушка детето, му ја гали главичката и полека го спушта на земјата до себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Непријатно ми е; ги кријам очите од него и полека го пијам своето евтино вино.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа полека го стегаше својот смрдлив обрач околу зградата и никој не беше способен да го спречи да влезе во неа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Чекаше да се увериш дека под челнава коска не ми е сѐ како што треба.“ Полека го притеснуваше кон ѕидот на долгиот ходник и шуштеше несовладиво со силина на зовриена вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Небото, чисто и недогледно, полека го разблажи мракот со блага модрина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го нема Борко, тој лежи малку погоре од местото до каде што стигнува водата и брановите полека го поткопуваат брегот под него.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тагата е еден вид помиреност, блага апатија, која полека го топи снегот и дозволува да се размислува за себе и за другите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дедо Петре полека го води магаренцето угоре по тесна врвица - угоре, угоре - сѐ повисоко - накај пештерата - бигорна. Муграта фати да забелува...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Полека го подготвувавме. Најпрвин дека имаш чир на желудникот, па дека треба да се оперираш, но на крајот моравме да му ја кажеме вистината, дека имаш рак на желудникот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ѕвездите полека го губат својот сјај, на стреите има помалку снег од вчера.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Каде е ранет?“ Полека го соблече своето палто.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тие денови Татко полека го губеше интересот за јагулите и нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Железничарот ја крена главата кон небото и почувствува како тоа полека го положува на плеќи, до гробот од сина му Митруша.n 42 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Полека го зема клучето од ланецот околу вратот и повторно ја нави прекрасната минијатурна градина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- прашува Даркер, од кој знае која комора на самиот себе... 90 Margina #21 [1995] | okno.mk Дали и Даркер станува изгрицкан од мачното прашање за идентитет, кое полека го задушува дејствието и бавно ги хибернира на момент така раздвижените, толку забрзаните јунаци?!!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Семирамида, додека ја гаснела светилката, рекла: „Како што јас, убиец поради светлината, затемнувајќи се себеси, ја згуснувам темнината.”
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мане полека го снемува под водата. Мане! Мане!!
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Како две рози во есента кои венеат и полека го губат мирисот, да го сочуваат и скријат тие незнаат, а не знам и не сакам ни јас да ја скријам оваа болка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потсвесно барав трнливи причини за да ја изневерам среќата, која или не ја заслужував или знаев дека не можам да ја достигнам (а и сенсот за тоа што навистина е среќа полека го снемуваше при помислата на индигнацијата кај луѓето, утилитарноста, хегемонизмот, ужасот и теророт во светов во кои сите ние преживуваме и меѓу себе се јадеме).
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги пронајдов твоите очи меѓу замаглените ходници, ме опи твојот мирис меѓу загушливите простори, го осетив твојот допир меѓу острите ладни ѕидови, моите сетила те посакуваа, а моите чувства им дадоа лик на тие немири.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Точно во седум и пол Александар од VIII а застана до јарболот - екна химната - свиреше оркестарот и хорот пееше- а тој полека го креваше знамето, ама немаше квечерно ветре да го развее.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го подигнува и полека го изнесува на суво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Госпоѓа Изабел полека го возеше нејзиниот Ситроен низ париските улици.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Дедо, - полека го протресов, - ако ти е тешко да наплатуваш влезници на базенот, не мораш, ќе се снајдеме некако со баба ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Србин му ја пикна раката во џебот, полека го извади, го отвори, го зеде камчето и му ја врати кутијата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)