полека (прил.) - ги (зам.)

Така, во главата ги враќаше сликите што сам ги произведуваше и за кои сакаше да се случиле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Полека ги отвора очите. Иако е доцна, не спие.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се исправив за да свикам разбеснето, но само полека ги собрав јаболката и ги разфрлав низ вратата ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Подобро ми е штом ми се јаде“ - мислеше, па полека ги избутка чергите од себе и се исправи во леглото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш, неколку мига како да се колебаше, па со двете раце го запрегна фустанот од предната страна, ги соблече гаќичките правејќи ги нужните прескоци со голи нозе и полека ги потфрли зад себе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, се случи чудо: скалата стоеше, и јас на неа; сфатив дека идеално ја контролирам тежината, и полека ги отпуштив рацете од скалата, и ги раширив; потем со внимание ја кренав десната нога и ја качив втората гредичка, а потем и левата, и пак ги раширив рацете; скалата си стоеше како да е забодена во земјата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама атмосферата е веќе спласната, сите се исполегнати по седиштата, и сонот полека ги совладува.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ех, тие жени... папсани, со здржан здив, полека ги спуштаа носилките, се загледуваа во бледите лица на ранетите, ги молеа да издржат, им ги оросуваа образите, усните и челата со наводенетите црни шамии, ги држеа за раце небаре со тоа им ја олеснуваа болката.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Зошто воопшто црташ?,“ праша, а јас полека ги собирав цртежите, еден по еден, како да го собирав сопствениот срам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Твоето цртање е бесмислено.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше тоа еден немирен ден, и тој полека ги откриваше ветровите, што се бореа за надвладување со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еве, старечкиот глас колебливо, засипнато ја пробиваше вревата, закрепнуваше и во стишувањето на салата полека ги исфрлуваше познатите формули.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Струјкаше од некаде пријатна ладина. Навикнувајќи се на светлината, Арсо полека ги отвораше очите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имено, потковичаните, дојдени или доведени од сите краишта на Македонија, лека полека се свикнуваа едни на други и лека полека ги прифаќаа, како свои, традициите на староседелците: почнаа да им се придружуваат во чествувањето на светите води и места, ги прифатија обичаите сврзани со Латинска Црква, го прифатија Свети Никола Летен за заеднички селски сведен, а Турците се однесуваа како сето тоа да се правеше во нивна чест.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Клоца со копитцата, кркори и полека ги превртува очите, се истегнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зборот полека ги надмина своите димензии, луѓето го преведоа на свој мајчин и татковски јазик - народен непријател!
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ноќта полека ги довлечка до пустиот парк под виснатите гранки на смерните врби погрбавени во својата молитва.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледајќи во небото, дишејќи длабоко полека ги затвори очите и само ја чувствуваше во себе убавината на чувството кое ѝ се разлеваше низ телото и целосно ја обземаше секоја нејзина пора, продирајќи до сржта на целото нејзино битие. Чувството на љубовта и нејзиниот бескрај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Одвај видлива насмевка полека ги искриви аглите на устата на О'Брајан додека гледаше надолу во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа полека ги подигнаа шолјите и отпивнаа, гледајќи се втренчено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако ова се знае, тогаш е јасно зошто една иста личност може да “варира” во стиловите и повремено во неа да постојат повеќе стилови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби вашиот шеф наутро е чист благород­ник, во текот на денот кај него се појавува една сократска црта, за да на крајот од денот, кога полека ги губи нервите, пак стане благородник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истиот принцип важи и ако комуницирате со поголема група луѓе, на пример со direct mail програмата или преку оглас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Полека ги затвора очите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дедо Стефан замина, јас полека ги истерав овците горе на голото и тие скротнаа да пасат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Пипајќи го полека ги спушташе рацете надлу кон дното на џебовите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)