Даде, зеде, си мислиме, покроце се трезниме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мислите покроце се ослободуваа од раздразнетоста, што ја донесе со своето доаѓање; сето она сега беше сосема далеку од него и тој многу често се наоѓаше себеси загледан и мирен, со едни сосема меки и стивнати размислувања.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)