подоцна (прил.) - брат (имн.)

Многу подоцна брат ми напиша дека секој човек останува дете на својата епоха, дури и во поглед на неговите најлични својства, а исто така и секоја љубов е дел од времето во која се раѓа, бидејќи таа се раѓа меѓу две суштества кои се дел на своето време.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)