подоцна (прил.) - тој (зам.)

Па сепак, откако внимателно запамети што беше напишано на него, неколку часови подоцна тој го фрли во дупката за сеќавање, заедно со еден куп друга хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа ќе биде и главната причина што подоцна тој и Ливајн нема да се сложуваат баш најдобро.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Два дена подоцна тој беше приведен во Истражниот затвор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се вклучив во акцијата што ја организираше Шефот и згрешив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нешто подоцна тој ја замоли Петра да му донесе уште една мастика со „некоја маслинка“ за мезе и им се радуваше на неколкуте чаши вино што ќе ги испие со реш печена кременадла каква што ќе ја порача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Конечното решавање на правниот статус на овие „проблематични“ радиодифузери се случи дури на крајот на 2010 – од кога, правно гледано, тамошните работници повеќе не се водеа како вработени, туку беа одјавени од списокот на АВРМ и пријавени, односно внесени, во евиденцијата на невработени лица. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Кукулев е за одбележување затоа што подоцна тој делуваше инспиративно и за другите вработени во неговото претпријатие – кои го следеа неговиот храбар потег и, исто така, поднесоа тужби против Радиото!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Билмези нѐ раководат, ете, тоа е проблемот“, рекол малку подоцна тој умен капетан, а потоа додал, „се разбира, и помеѓу нив, помеѓу највисоките чинови има и предавници“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа, во доверба му нашепнал: „Ни дале наместо боева муниција, од онаа, другана, што служи само за воени вежби. А таа не убива, руски пријателе. Зар не мириса тоа на предавство?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Де, не воздржувај се, се смилостви малку подоцна тој ист мајстор“, ми вели дедо ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така и се случи, подоцна тој заврши со брилијантен успех.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)