Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подоцна знаел кој го сторил тоа: со точно упатен куршум од долга крвоќудна пушка, беговска и со седефни шари на благо извиениот кундак, Арсо Арнаутче го погодил в гради најстариот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подоцна знаеле: на Онисифоровците како и на другите им недостасувале во бедните ноќи жени со бедра слични на полна месечина, или само така мислеле, жени покорни да станат облик според обликот на врелата машка жед.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но ако се исправат и другите по него, тогаш сите ќе се следбеници на онаа велигденска осаменица што сакала масовно да го насели синилото на небото...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)