подоцна (прил.) - дојде (гл.)

Од тој ден ми остана сеќавањето на густата црвена течност, на чувството дека бев како пресечена на половина и на онаа ужасна тегобност кога ѝ кажав на мајка ми, а таа ми рече: “Отсега па натаму треба да го знаеш својот долг, основниот долг на секоја жена: за својот живот да се оддолжиш со раѓање на нови животи.” …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Подоцна дојде до крвави партии, со процеси и жртви Во тие денови, во знак на верност кон мојата иницијална професија француската книжевност, токму во воениот логор на Бањица со себе носев и ја читав книгата на францускиот поет на романтизмот Алфред Де Вињи Служењето и величината на воениот позив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Малку подоцна дојдов до посоответен израз од оној што го нареков лицемерно растревожен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Подоцна дојдоа некои луѓе и не поведоа во паркот, каде што имаше поставено шатори. Ни разделија и храна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неколку месеци подоцна дојде и мојот прв чекор кон мајчинството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Подоцна дојде еден француски генерал, беше ранет. Го лекуваа, го негуваа во едно албанско православно семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)