подоцна (прил.) - бил (гл.)

Борбите во Дебар и неговата околина траеле три дена (1, 2 и 3 август), а подоцна биле продолжени и во неговата поширока околина.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Цртите се подебели при врвот и од левата страна, што го покажува смерот на пишувањето: во почетокот симболите биле пишувани одоздола угоре; подоцна биле превртени на страна и пишувани од лево кон десно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Јас секогаш ги потресувам од правот моите облеки, потоа чеизот и сѐ по ред, не дозволувам лошото да полегне, да се полепи по нив, зашто подоцна било кога, може да ми засмета, да биде кочница за развој! – зборуваше Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како предмет на изучување на Древно Македонистика е следното: Двете древно македонски азбуки (јавната и тајната азбука) од древниот македонски дија- систем, подоцна биле основа за повеќе дериватни азбуки на некои древно македонски племиња, кои составиле свои варијантни азбуки, приспособени на своите наречја.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Уште од дете правел крлуци, кавалчиња и вургити, а подоцна бил мајстор не само за јарем и рало туку и за секаква покуќнина: лажици, софри, ноќви, соларници, лајчарници и секакви други работи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Според валијата и според Силјанов, загинале 11 селани, а 74 (според Силјанов околу 40) селани, коишто не успеале да избегаат, врзани биле донесени во Битола, каде што биле грозно мачени, а од нив 18 подоцна биле осудени. 147 Извештаи од 1903, 206. 148 Српскиот конзул Ристиќ повторува дека Организацијата “ниту со една своја постапка не даде непосреден повод“ за овие несреќни настани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговата активност подоцна била префрлена на Централната разузнавачка служба (ЦИА).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Американското инволвирање во Кралството Југославија било многу подиректно отколку она на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие подоцна биле помалку насилни и од најслабата модерна држава.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)