подолу (прил.) - има (гл.)

По горниот, стариот пат, сега под асфалт, (подолу има уште еден поширок пат, граден е по доселувањето на Саракачаните), одиме на запад од селото. На излез – крај на асфалтот. Коцка. Старата коцка. Предвоената.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сегде, па и на главното џаде за Струга кое беше исто врз мост, од кој подолу имаше стотина далјани за риба, и таму секој што влегува или излегува од градот плаќаше пазарна такса или десеток на риба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)