- Сам побрзо и подобро ќе си ја свршам работата, - им велам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Грејем не рече ништо и Пол сфати дека го прободе во вистинската точка.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овој настан му го опишав на David Zack кој отприлика реагираше во стилот дека подобро ќе беше ние да го скршевме клавирот отколку тој нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Продолжи со ист интензитет: „Знаеш, кога малку подобро ќе размислам, јас сум, всушност, потполно за хероин, бидејќи, ако си доволно внимателен, нема ни малку да ти штети, - извлече мандарина од џебот и почна да ја лупи пуштајќи ги отпадоците на подот, - ако земаш хероин, никогаш нема да се разболеш, тој, всушност, во Стејтс дојде како лек против настинка”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Читателот ќе стигне преку себеси самиот и подобро ќе знае да ги проценува духовитата надареност и идеите на авторот“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Зашто, само така полесно ќе биде и подобро ќе може целта да се обвистини: ударот да биде ненадеен и силен.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тоа се таканаречените „технократи“, „оператори на медиумите“ или „творци на мислење“, коишто секако подобро ќе ги опишеме како „програмери“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Според нив претставниците на сојузниците на Блискиот Исток не биле наклонети за соработка, бидејќи тие не можеле да сфатат дека: „а) СОЕ може да игра важна улога во војната и дека, б) најголемиот дел од оваа работа не може да се изврши од претставници на британската националност и дека во сите случаи работата подобро ќе биде извршена од националностите на односните земји.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Истиот тој мулти талент, најверојатно, ќе заврши како продавач на пипер по пазарите, но не значи дека ако станеше ко Марадона дека подобро ќе поминеше во животот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Но кога подобро ќе се размисли тука и да се преживее беше вистинска уметност. 2.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа значи дека што пообјективно се согледа структурата и нејзината интерактивност, толку подобро ќе се одигра самата игра.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Така подобро ќе ги надминуваат тешкотиите...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Било тука пред илјада, или две илјади години, вашите татковци подобро ќе знаат, било значи гратче ли, село ли, дворец ли, кој ќе знае.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Јас мразам да го сторам тоа, Кети, подобро ќе биде за неа ако брзо заврши.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но зошто да го правам тоа, и дали воопшто да постапувам така кога знам дека моите размислувања подобро ќе ги сфатите ако ви порачам да го отворите вашиот приватен магазин или склад во кој се сместени но не за распродажба туку само за разгледување, како во приватен изложбен салон, сите дребулии на вашите мечтаења.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога велам дребулии со подеднаква сериозност мислам и на мечтаењата при отворени очи како и на другине што ви протрчале само низ градините на сонот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па јас подобро ќе си ја дочекам ќерката и со неа во друго кино ќе одам, отколку со вас да седам и да дишам со заразен воздух.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Како, вели, рацете не ви се исушат, такви гестови да правите?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Чуварот засркнато и нерешително им рече дека работите што ги имаат в џеб веќе не им се потребни и подобро ќе биде да му ги остават нему.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Николај Василевич Гогољ ШИНЕЛ Во секторот... но подобро ќе биде да не се именува во кој сектор.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А ете, подобро ќе биде да појдам јас кај него в недела наутро: по саботната вечер тој ќе гледа накриво со окото и ќе биде сонлив, тогаш тој ќе треба да си тргне уште една против мамурлакот, а жената нема да му даде пари, а јас во тој миг ќе му додадам пет копејќи и онака...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Можеби тогаш подобро ќе разбереш што сакаме да постигнеме со нашиот проект?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Впрочем, сега подобро ќе разберете зошто сум дојден првин во Вашата книжарница во Париз, а потоа ќе одам и кај париските букинисти?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Ти, земјо, подобро ќе ја чуваш одошто јас - некадарница...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во почетокот на есента најдов работа во една агенција, подобро ќе беше да не најдев, да знаев што сè ќе се случува следните месеци.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
На прашањето како се момите, што прави дедото, таа мудро одговори дека тие се добро и дека уште подобро ќе им биде, дека тука сме меѓу наши, сполај му на господ што ги врнала тука, а и дедото Диониш вели Ки гу закопаме у наша земја! ама откако го рече тоа, за да не внесе тага во срцето на Петра, или за да не ја зголеми, таа знаеше дека во срцето на Петра има голема и тешка тага, Ејми ко ки умре чувекут с та земја е арна! и се свртува на кај Чана која оти нема кај да седне, туку се подместува наваму натаму, Ако придоуже убаво време да ојме да паламе работа јас, ти, мојта гулема, а?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Новата грижа внесува и малку радост во нејзиното скршено срце, најпосле подобро ќе биде да води разговори со Костадин отколку со Танаско.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А зошто да буричкаме по минатото? – Ако си го знаат добро минатото, подобро ќе си ја контролираат иднината! – дополни Татко. – Еден ден, кога ќе нè нема, можеби по природен пат ќе си дојдат до старите вистини, без притисокот на новите! – коментираше Мајка. – Можеби имаш право.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сакаше, макар задоцнето, кога Татко речиси ја беше напуштил идејата да ја заврши книгата, да навлезе во нејзините тајни, верувајќи дека подобро ќе ги разбере причините поради кои векуваа границите околу нејзиниот народ.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Слушајќи го нивното кричење, полковниците сѐ уште убаво не истрезнати, започнаа да ги имитираат, да викаат и тие како нив, да им ги поддржуваат гласовите; грабеа со грстите вода, се стркаа еден со друг, силејќи се кој подобро ќе гракне, ќе запрпори како птиците.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И знај: сега кога е ден, подобро ќе се чувствува без него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Па така, подобро ќе се одмориме дома...
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
ГЕЛА: Јас подобро ќе испеев.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Доста ми е од смрдеата што ми се наметнува... подобро ќе е да се вратам накај зградата... има време за попладневната смена... * * * Кога се отвори лифтот во него беше Теми: „Здраво, Влатко, како да сме се дозбореле!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Колку пати ќе им се повтори, толку подобро ќе научат“, рече учителката Мица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Мислам, подобро ќе е тогаш да одлучиме под каков наслов и на каков начин ќе ги објавуваме писмата или извештаите, за кои денес само како предлог зборуваме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Еден ден, кога ќе пораснеш, сето тоа веројатно подобро ќе го сфатиш.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Авторот имаше доволно податоци заокружено да ја раскаже прикаската, но нешто му говореше дека дедо Најдо тоа подобро ќе го стори.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)