Нејзиниот режисер, кој во сижето на филмот ѝ е и поранешен сопруг, откако проценува дека таа улогата ја толкува премногу политички, премногу феминистички и недоволно страсно, ѝ приредува средба со една млада Американка (чиј лик го толкува Елен Бирстин), која во Атина отслужува доживотна затворска казна за убиството на своите деца: не знаејќи ништо за класичната книжевност и за феминизмот, таа изгледа несвесно го реинкарнирала ликот на Медеја кога нејзиниот сопруг Грк, како Јасон во заплетот на оригиналната приказна, на родната грутка си ја оставил жената туѓинка за жена Гркинка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Средбата меѓу двете жени на глумицата ѝ го менува сфаќањето за себе, за својот идентитет како жена, за историјата и политиката на нејзините односи со мажите и најпосле ѝ го менува толкувањето на драматичната улога, иако е тешко да се тврди дали тоа го прави на подобро или на полошо.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Сон за страст, прочуената сопруга на Дасин, Мелина Меркури, игра извесна иконична глумица, многу слична на неа, која, по падот на воената хунта во 1973 година, се враќа во Грција од политички егзил за да ја одигра улогата на Медеја.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)