Приказната што лежи во основата на раскажувањето со одликува со едно суптилно, неопределено и неизречено волшепство на кое подеднакво му подлегнуваат и оној што ја создава, и оној што ја чита.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А тој отсекогаш се згрозуваше од насилство и подеднакво му беа одбивни и шлаканиците, и клоците, и пушките.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И по толку години, и сега како возрасен маж редовно му се повраќаше кога гледаше физичко и душевно страдање на луѓе предизвикано од насилство извршено од други луѓе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Постојаната смена на лирското („The seeker on the way of sound“) со умерено ироничното („Чико и врапче“), гротескното („Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства“) и полемичкото („Колумна“), напати со благо трагичното („Борјан и татко му“) и носталгичното („My pricate Europe“), натаму, повремените алузии на народните сказни, како и интерполираните народни („Мутулуми“) и хаику песни („Хаику во Скопје“), бројните цитати од лектирата (В.Вулф, Д.Киш, А.Шопов...), сентименталните стории од „семејниот циклус“ („Чушкопек“) или своевидната „теориска автобиографија“, според терминот на Мишко Шуваковиќ („Поглед од чекалницата“), „in medias res“ техниката или финалниот ефект на изненадување, „јазичките игри“ (употребата на дијалекти и на странски јазици), но и играта со интерпункцијата, варијациите на различни техники на писмото, како и иконографијата на популарната култура (масовните медиуми, особено Интернет), исто така, се евидентни стилски доминанти во специфичната раскажувачка поетика на Прокопиев, која е, несомнено, во знакот на постапката на хибридизација и бриколажот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)