Предметот во судот мируваше сѐ додека Китан повторно не достави барање да се разгледа неговата тужба.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Потоа дојдоа двајца археолози кои со направи за подводно нуркање, со скафандери се спуштија во витлите на „бездното“ и повторно не се вратија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Подолго време, речиси неколку години од новата ренесанса на нивната љубов, се наметнуваше прашањето - зошто повторно не може да забремени.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Лифтот повторно не работеше. На некои од катовите немаше светло.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Зар национализмите и расизмите не се поопасни од дрогата? Па повторно не се забранети.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И повторно не го гледавме невидливото, она што нѐ вознемирува, што го бараме, а Бога молиме да не го најдеме!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Множење со нула
Не ме фаќа место, не сум овде
во оваа одломка престорена во космос
блудам и во отсутност преминувам
« тегоба во тегоба »
сѐ додека зборот не исчезне
и тој ли
осуетен, сетен
анаграм
сѐ додека повторно не се овоплоти
- помалку алегорично, повеќе пародично -
и не нѐ потсети дека меѓу двата света
освен двата
постои некој трет
за некој друг
не за нас
за минус еден
за минус два
за минус
сѐ додека
не остане
и не стане
сѐ
прааззззннноооо
ОО 00 оо
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во тој миг сакав да го убијам тој невиден простак; во тој миг ми се згади и од Луција; веќе ништо не сакав, во мене имаше само гнев; тогаш, пред вратата, првпат помислив дека најдобро е да се замонашам, да си ги отсечам на еден симболички начин гениталиите поради кои страдав, да се самокастрирам, да ги оставам сите овие влекачи и инсекти околу мене да се плодат и да се размножуваат до бескрај; своите песни да му ги испејам на Бога, а не на лукава и притворна жена, или на некој дволичен Хор; сепак, чукнав уште еднаш, но тој поворно не одговараше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)