И денес можам да кажам дека почнав да пишувам поезија поради Џони Штулиќ и дека кога повторно би излегла рубриката во „Џубокс“ во кој читателите ширум тогашна Југославија требаше да изберат нај-гитарист, јас би гласал за Влатко Стефановски и само за него.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Од целата оваа ситуација, која е прилично тешка за психофизичко издржување – земајќи ги во предвид многуте неисплатени плати, долгиот процес на трансформација на претпријатието во приватна сопственост, а во некои размери и лошата, а на моменти и непријателска работна атмосфера – В.И. ја гледа, условно речено, добивката од добивањето на овој судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По добиениот и наплатен спор, Љ. Н. остана и сѐ уште работи во „Охис“, и покрај тоа што повторно платите доцнат и придонесите не му се плаќаат редовно!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, додава дека доколку би имал шанса и повреда на некое работничко право во иднина повторно би тужел – но, секогаш со адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако е крајно огорчен од целокупната ситуација во државава, но и во светски рамки воопшто – Љ.Н. е одлучен во тоа дека, во иднина, повторно би тужел доколку му биде повредено некое работничко право. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Добивката“ таа ја лоцира во личната сатисфакција и во тоа што увиде дека судскиот систем во Р. Македонија колку- толку функционира, барем кога се работи за проблематиката на заштита на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
К. П. до денес не е член на синдикат, но вели дека би се активирал доколку за тоа има можности.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оваа првостепена пресуда беше доброволно извршена од страна на директорот на туженото акционерско друштво (Љ.Дракуловски) – при што немаше потреба да се иницира нова постапка за присилна наплата кај извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Вујовиќ решително истакнува дека, во случај да ѝ е повредено некое друго право, таа – без двоумење – повторно би покренала спор доколку проблемот не може да се реши на друг начин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)