повторно (прил.) - некаде (прил.)

А се што срцево сака беше одалечено не повеќе од половина час возење до едноставен убав свет создаден само за мене, односно пријатно место за создавање едноставна убавина и нема да дозволам некој да ми го украде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тврдината почиваше меморијата на сите времиња: уште од праисторијата, некаде на преминот меѓу IV и III милениум, потоа скопското Кале, ќе го доживее периодот на етнолитската цивилизација, на околу 3000 години пред новата ера, потоа прастарите цивилизации од некои мистериозни причини го одбегнуваат ова место, за да го населат повторно некаде помеѓу VII и VI век пред новата ера, од IV до V век овде животот континуирано се одвивал, кога населбата на Калето била напуштена, потоа остануваат неколку векови без обележја на историска меморија, постои само еден нем сведок за присуството на големиот император на Источното Римско Царство Јустинијан Прима, тврдината Кале и античкиот град Скупи биле погодени од катастрофалниот земјотрес во 518 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев бесна и лута на целиот свет, но повеќе не е важно кој е крив или можеби никој не е крив, свеќите на божиќната елка повторно некаде ќе се запалат и мирисот на дивите костени ќе биде посладок од кога и да е порано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)