повторно (прил.) - ист (прид.)

Повторно истиот Томов глас од докторската соба допре до нејзините уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Жална наива. Повторно смеа, повторно исти градови, на плеќи отрови се рушат, суша, патишта исти од кои поврат нема.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Уште еден ден, на прагот на оваа година што полека заминува, уште еден ден кога ништо ново не се случува, повторно исти приказни на историја која се повторува, од која никој ништо не научи, на позитивно никој не поучува.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)