КУПРИКОВ: Од тоа јас заклучив, дека тој има намера да направи нешто што не е добро, и затоа се обраќам повторно кон вас, Љуба Ивановна, и кон тебе, драги Аљоша, пред свидетели, со голема молба да преземете мерки на максимална претпазливост.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- Внимателно, внимателно со Сталин! – ме предупреди А.А., гледајќи повторно кон Х.Х.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И потоа, кога погледнал повторно кон убиените, ги видел преостанатите шестмина како стануваат од бришаниот простор по последните свои истрели и се доближуваат со трчање и со голи јатагани или долги ками кон заседата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лелекањето запре.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тешко можел да сфати, сега по смртта на момчето што можело да биде колкав што бил и неговиот син, дека патот на луѓето од Кукулино се протегал од смрт кон убивање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Погледна повторно кон местото каде што неговиот соборец нагази на мина – чадот се слегна и сега можеше да го види купот од човечко тело, сосема неподвижен.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)