Отсуството на секој вид ригорозност и академски стандард, чувството на полна предавачка слобода (еден од курсевите за нова музика имаше за тема идентификација на печурките) му овозможи на Кејџ истовремено и да учи од своите ученици.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Прифаќањето на ваквите појдовни точки и заклучоци можеби не би било можно кога не би биле свесни дека Кејџ своите ставови секогаш ги изнесуваше со свест дека ги изнесува своите ставови и кога не би ја имале во предвид познатата забелешка на Костеланец дека “во Америка, за разлика од поголемиот број европски културни средини, не постои утврден пат за постигнување на интелектуален и уметнички успех, еден единствен културен естаблишмент кон кој младиот и амбициозен човек ќе може да се насочи, нема одредена публика која донесува конечен суд, институции кои издаваат конечна потврда за успехот, признание или награда која ужива општо почитување“. 174 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)