повторно (прил.) - ѝ (зам.)

По неколкуте испиени голтки повторно ѝ се врати руменилото на образите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кажи ми дали некаде погрешив? - повторно ѝ ја стави главата на неговите гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Томо прифати без збор. Змиулестиот пат и дивата природа низ која минуваа повторно ѝ го врати спокојот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повторно ѝ се радуваа мајсторите: казанџиите, налбатите, столарите, касапите, тенекеџиите, со умилност ја гледаа чираците, а ние децата одевме по неа и не слушавме крици од птици пред заминување, туку слушавме умилна песна што извиваше од нејзината уста, а од песната пркнуваа светулки и надлетуваа над бавчите, на Кафтан маало и исчезнуваа над лозјата на Кумлако и Мерите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И додека се подготвуваше евакуацијата, стаса вест: Друштвото на народите откако добило мислење од Хашкиот суд дека спорното ”до” внесено во Протоколот за разграничување, може да се толкува двојно: и дека Манастирот влегува во состав на Албанија и дека не влегува - спорот повторно ѝ се вратил на Конференцијата на амбасадорите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И потоа со бокалот повторно ѝ ја наполни чашата со свежо вино.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милан повторно ѝ дојде во фокусот. Но нешто му се има случено.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се поздравија, Петар се поклони, го подигна шеширот и повторно ѝ ја бакна раката.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оваа негова несфатлива реакција, повторно ѝ ги врати сомневањата дека има некое друго свое семејство. Жена и деца.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Како јас можев да го одржам ветувањето, а? - повторно ѝ свикав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како што матната вода течеше и се впиваше сѐ подлабоко и подлабоко во теписонот, тетка ми панично притискаше со одзатнувалката во шолјата и наизменично викаше „аааах!“ и „ииии“, земајќи и испуштајќи воздух.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сети на крукчињата под мишките и ја обли нов бран пот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Лицето повторно ѝ се вцрви и капки пот почнаа да ѝ се собираат на челото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А и никогаш не сум имала амбиции да се натпреварувам за најчиста домаќинка во градот! - рече тетка Марија и се насмевна гласно, при што стомакот повторно ѝ се затресе горе-долу, нежно допирајќи се од чинијата пред неа, која заѕвечка во ритам со нејзиното смеење.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Благодарение на средствата кои ги доби како последица на позитивно разрешениот судски спор, операцијата за пресадување и заменување на оштетената рожница со нова, како и пост-оперативното лечење, станаа реалност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После сето ова, таа решително 212 изјавува дека доколку во иднина повторно ѝ биде прекршено некое работничко право, без двоумење пак би тужела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)