- Доброутро, спанко! Повторно ме плашиш. Томо само ја развлече устата во нешто што требаше да личи на насмевка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ана неодредено ги читкаше огласите на станицата, лицето на Маргарита бавно се бришеше под перонското светло и не можев да знам дали повторно ме погледна; ни мојот одблесок не можеше да биде видлив на таа плима од неон и реклами, тела што влегуваат и излегуваат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Поминаа неколку седмици, а Лари повторно ме начека во заседа.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Но, откако Круме Волнаровски денеска беше притворен, повторно ме зајаде црвот за улогата на Ема. Со кого таа работи? За кого?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Нивното споменување, токму кога се надевав во моќта на здодевниот муабет, ненадејно, повторно ме порази.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Последново можеби се однесуваше и на мене, и нејзината грижа од високото ритче повторно ме повикуваше да зачекорам кон белилото на врвот, заедно со останатите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Меѓутоа, повторно ме полаза помислата: што ако истинам јас, а скулптурата се згрее!
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ноќва повторно ме напаѓа истата слика и не ми дава да заспијам.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Саше, кој е секогаш уредно облечен и внимателно зачешлан, повторно ме праша: - Не ми кажа каде ќе одиш.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Петар вчера се извалка, ха ха! - се изнасмеа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мајка ми повторно ме прати да купам леб, но овој пат купив убав, бел, мек и дури малку топол, па кога се вратив таа не ме караше, дури и ме бакна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мајка му на Дино повторно ме гледаше со неодобрение.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Е, добро де, не викај толку! Ништо не ти е, малку те гребна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но стравот повторно ме задраска морничаво по снагава.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ме нашле далеку како спијам во снегот и повторно ме ставил на коњот. Така стигнавме во селото Сопот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Го гледав низ прозорецот од спалната сонцето што се креваше зад планината како пламен да излегува од земјата, како огромен вулкан да избил и тоа повторно ме возбудуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)