Авто-Деструктивната уметност сосредоточува широка искуствена и технолошка територија на деструкцијата и на нејзиниот придружен етос на преживување во една репрезентација што може да се управува.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Временското траење на Авто-Деструктивната уметност делува и како претставување, слика, но и како одигрување на и/збришаното коешто повторно ги заборава нештата на заборавените, „евреите“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Рајт докажуваше дека услов за убедливоста на кој и да е аргумент против приватниот јазик е дека тој треба да ја допушти контингентната приватност, бидејќи во спротивно, како што истакнува тој, ќе се тврди далеку повеќе, и ние не ќе бидеме способни да најдеме смисла во она што го прави некој Робинзон кој, на пример, самиот се учи да игра со Рубикова коцка исфрлена на неговата плажа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во 1939 година е избран да го наследи Мур како професор по философија, но поголемиот дел од војната го поминува како воен болничар во лондонската болница, а потоа во истражувачката лабораторија во Њукасл.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
По војната, повторно ги прифаќа обврските во Кембриџ, но согледува дека местото професор не му одговара, па дава отказ во 1947 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но доколку повторно ги разгледаме барањата на аргументот за следење на правилата, гледаме дека ограничувањата на заедницата врз она штоможе да се смета за следење на okno.mk | Margina #15-16 [1995] 67 правила, доаѓа во судир со идејата за контингентна приватност, и тоа на два главни пункта.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се вратив, повторно ги поздравив и запешачив по падините на куќата – машала ама се извишила.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
И тогаш таа се изгуби. И сите нејзини работи, што таа повторно ги стави на нивните места во собата, исчезнаа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Птицата повторно ги награди со тоа што го исполни воздухот со својата волшебна песна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога повторно ги отвори очите јастребот веќе го држеше во своите разбојнички канџи невиното гулапче. Пердуви летаа на сите страни.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А кога повторно ги отворив очите беше веќе многу доцна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од дното на тезгата успева да извади дречаво жолти сомотски панталони; но не е задоволен, повторно ги потопува во тоа ѓубриште на бившите марокански, југословенски, турски, пакистански итн. покривачи на гениталии...
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Рачињата продираат, се завлекуваат секаде.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Продолжува да брсти. Прстите му се вешти како на тајландски хирург- шарлатан.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Од големото аморфно штофено тело на тезгата извлекува парчиња како црева, ги одмерува и повторно ги враќа во утробата на неговиот нем расчеречен пациент.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Утрово, повторно ги пуштаат „Битлсите“, „Let it be“. - Спомњу, некакда, ти играл в какај ета електрическај групи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И сега, кога повторно ги слушнав зборовите кои некогаш одамна ја разранија таа прва рана, ја почувствував сета крв која истече од неа, и од сите подоцнежни рани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Полека ја спуштив Ана на подот, и отидов во мојата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во тој миг, тој во себе во некој таен агол од својата глава, повторно ги слушна неразбирливите, плачливи детски гласови, онакви какви што ноќум слушаше во Сарајот, зданието на Фазли паша, умниот, но скрбен архитект од Истанбул.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На неговите гради, таа повторно ги затвори очите за во темнината на затворените капаци подобро да го слушне ритамот на неговото срце, што, како и бакнежот, полека се смируваше во ритмично биење токму таму, под нејзиното уво.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Потоа повторно ги отвори очите и кога сфати дека сликата е иста, го погледна старецот со очај.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Ние сега гледаме нејасно, како во замаглено огледало, но набргу ќе бидеме лице в лице со Бога и сè ќе ни стане јасно“, повторно прозборе овој.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Шмркна и повторно ги истегна рацете пред себе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сепак лежев и повторно и пак повторно ги пребројував недостижните птици. „Знаеш за кого говорам.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се чувствував подобро и можев да станам и да го оставам со сите грижи од кои се дочекува брза но не и далечна старост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ружа, која штотуку повторно ги беше наполнила оружјата за миг, неочекувано, пред да изусти збор, беше разоружана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дали е ова „игра“ во која танчерот ги менува партнерките после секоја музика и повторно ги виде откосите што Долгиот ги оставаше зад себе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рада повторно ги протрла очите. Исушеното грло бараше влага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Некогаш кокетните колкови повторно ги пополнија старите фармерки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Размислувањата на Томо повторно ги прекина Рада соопштувајќи му ја и втората радосна вест.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бакнежот што следеше по овие зборови, повторно ги натера боговите да ги затворат очите. Ноќта неволно се препушташе на денот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И кога тие се свртиле да си одат и кога стигнале до вратата, повторно ги викнал да се вратат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога не можеше да најде решение, тогаш повторно ги вадеше сите книги редејќи ги по значењето што во моментот му беше најсоодветно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Инструкторката повторно ги повика во став мирно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој повторно ги притисна прстите врз очните капаци. Конечно го напиша, но тоа не му помогна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ги рашири крилјата, повторно ги собра внимателно, ја спушти главата за миг, како да му се поклонува на Сонцето, а потоа почна да истура порој од песни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Измената на ЗИПРМ (1994) од 2008 година повторно ги промени овие одредби од законот, согласно воведувањето на концептот „бруто плата“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ова молчење повторно ги исплаши.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Втора е дигиталната или компјутерската бомба - таа ги уништува принципите на самата стварност, не самиот објект, и повторно ги изградува. Трета е демографската бомба.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Мајка повторно ги подзатвори очите. Се вознемирив. – Состојбата е крајно сериозна!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
XI Мајка повторно ги здипли трите знамиња. Ги остави на старото место.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Конечно, зеленото се запали. Едно по едно, возилата во колоната се придвижија бавно, со подзастанување, но пред таксито да стигне до раскрсницата, неумоливото црвено повторно ги запре.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но постојат и таканаречени надворешни услови што дејствуваат врз таа енергија.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кога повторно ги отворив очите, низ подотворената врата, ноќниот ветрец ги нишаше завесите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Повторно ги повика маскираните. Овој пат ги стопи во гејши со набелени лица, врамени во тешки облеки.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
А езерото исфрлаше разни дрвени форми што некогаш ги свлечкало од дрвјата крај брегот: коренчиња, ветки, чатали, и ги држело во себе, ги мазнело во песокта, ги вајало и повторно ги исфрлило на брегот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но, ете, езерото го запаметило и сега од овие дрвца повторно ги создава формите што си ги имале.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А еднаш го фатија кај што ја влече мрежата и повторно ги враќа рибите во езерото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ова доживување многу влијаеше врз поната мошната дејност на Бојс кој потоа повторно ги употреби овие материи и материјали.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На ѕидот е закачена репродукција на фотографија снимена на фронтот, која го прикажува пилотот Бојс и неговиот Јункер.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На времето, Татарите го беа спасиле Бојс лечејќи му ги изгорениците со мед и мастило.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Да чекорам по туѓи патишта, иако во срцево носев болка тешка, зошто знаев дека повторно ги изневерувам моите чувства и не верувам никому освен на сопствените лаги.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Постоев заедно со мрачни сеништа, нив им ги дадов моите детски соништа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Со паѓањето на Советскиот блок и распадот на поранешна Југославија, 1990-те повторно ги оживеаја крвавите обиди да се „исколчат“ ексклузивни и неспорни државни територии, како остаток од „големата фикција“ на геополитиката на 19 век, имено „дека сите нации имаат право, ако не и судбина, да владеат во свои национални држави, на своја сопствена територија“.17 Историски гледано, границите долго време имаа улога (и се засноваа) на етнички и религиозни разделници. 16 Во овој поглед постојат значајни разлики помеѓу Азија, од една страна, и Африка и Америка од друга.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сите овие народи се претставени како една голема салата и по распадот на Југославија и војната на Косово, кои повторно ги реактуализираа, се слуша често како се вели дека се работи за дивјаци кои би требало да се остават меѓусебно да се истребат зашто за тоа се создадени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога нашиот национале Бернар Кушнер ја изразува својата нестррливост и својот очај пред сведувањето на сметките на различните заедници на теренот со кои се соочува, тоа е исто така нормално; но има и други позначајни работи отколку да се испраќаат емисари да трагаат во регионот, има таму и неколку мудреци кои ги минуваат нивните животи во читање и медитација на импресивен збир книги, меѓу кои и Библијата, Талмудот и Куранот... и кои на нивните деца им даваат пример на достоинство и благородност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во напишаниот свет ме обземаше чувството дека повторно ги враќам во живот починатите блиски на семејството.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Повторно родено Паганство! Пан-Дионис на аудовизуелни касети.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во својот револт кон фабричката култура, тие повторно ги открија и ги осовременија своите племенски корени и експериментираа со Хиндуизмот, Будизмот, Магијата, Американскиот Индијанизам, Јогата, Воду-магијата, Ји Џингот, Таоизмот, Егзорцизмот 3-Д ре-инкарнациите, Психоделичните светковини. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 45
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Паника повторно ги зафати луѓето собрани кај нас.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Татко ми вели дека ќе оди во спалната малку да дремне, а брат ми повторно ги обува патиките, се разбира без одврзување, туку ги нагазува, токму така како што татко ми да го види веднаш би му свикал, и оди надвор: - Само да знам – довикува од вратата – ќе правиш денес колач или воопшто да не се надевам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)