повторно (прил.) - стане (гл.)

Повторно стана од столчето за малку да се раздвижи низ просторијата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш Зојчев повторно станал и им рекол Вас двајцата, зашто сте чисти Бугари, и зашто сте толкави јунаци, ќе ве испратам на работа во кујната, потоа ќе видам што ќе правам со вас. Сега сте слободни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Однесувањето на О'Брајан повторно стана строго. Тој ја стави раката врз бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со тоа делот меѓу Охрид, Струга, Дебар и Кичево повторно станал слободна територија.175 Успесите на Првата македонско-косовска ударна бригада во Западна Македонија како резултат го имале повторното разбранување на вооруженото востание во овој крај и големиот прилив на нови борци.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Второ, воведен е исклучок во случајот кога одредено лице повторно стане невработено, при одредувањето на времето за кое ќе прима па- ричен надоместок во неговиот стаж на осигурување да се пресмету- ва и времето поминато во работен однос пред последно-примениот паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Теренот, на кој се вршеа сите активности, повторно стана разбирлив и подреден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)