повторно (прил.) - сака (гл.)

ЛУКОВ: (Останува сам. Долго, надмоќно, гледа кон надворешната врата, потоа повторно сака да запали цигара.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повторно сакаше да избега како првиот пат. Но, овојпат подалеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само што фрли поглед кон мене допрев до твојата мувлосана душа и можеби изгледа немилосрдно во неа сакав да направам масакр Велиш дека сум недостоен за тебе конечно за нешто да бидеш во право влегов во твојата самобендисана душа и сакав безмилосно да направам масакр Се плашиш од смртта ко ѓавол од темјан но не знаеш дека си одамна мртов го чуствував твојот трулеж одвнатре и повторно сакав да направам масакр
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)