повторно (прил.) - нема (гл.)

Повторно немам облик. Но чувствувам една треперлива рака како ме допира и ме залачува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Имаш чувство дека во него се случува нешто страшно, како нешто да се скршило, кое никогаш повторно нема да биде истото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Веќе на појадокот, и потоа, додека се шетаме по брегот на езерото, сѐ беше „понормално“ и помеко, и погледите,и разговорот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дали повторно нема да забележам нови лузни, ново изместување, нови тешки траги кај неа?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, и тогаш како и претходно се соочува со потсмевачки и дрзок однос, овој пат од правниците на тужениот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На второто рочиште повторно немаше застапник на „Охис“, па судот реши главната расправа да се одржи во негово отсуство (in absentes).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Велам, никогаш повторно нема да се качам на тоа лигаво нешто.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вистина е дека веројатно никогаш повторно нема да го почувствуваш истото, зашто тоа било тогаш и тие услови никогаш нема да бидат истите.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа, земаат уште една. Пак не е тоа. Па уште една.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
М отиде и до следниот излог. Повторно немаше одраз во стаклото.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јас излегував од неговиот дом, а дел од мене остануваше таму, како сенка на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За мене Рајнер стана постојано присутно отсутно суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа пак одев кај Рајнер, а таму ме дочекуваше неговото студенило, и потсетувањето на моето ветување дека никогаш повторно нема да дојдам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му реков дека никогаш повторно нема да дојдам, и уште додека одев кон дома сакав да се вратам кај него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Паулина трепереше – можеби не толку од стравот за сопствениот живот, колку од помислата дека она најблиско суштество, она кое излегло од нејзината утроба, никогаш повторно нема да го види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)