повторно (прил.) - гледа (гл.)

Некое мало животно, далеку од инсект со кое посакуваше да се поистовети, кога би бил тој, но повторно гледа само подвижни сенки од ветар, ѕидови,куќи и разговори, само точка во која од овој треба да премине во оној страв, или акт на тотална неподвижност, замрзнатост во време пред некои сцени за кои е потребна храброст - и одложување, единствено можно да се случи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој му припаѓа на оној вид убијци кои во себе ја чувствуваат задачата на уништувањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А кога на сред искачување Лествичникот списка дека свеќата во рацете на Филозофот се изгаснала, јас речиси скокнав од радост: за мене не настана темнина, оти околу телото на Филозофот повторно сјаеше оној облак од виолетова светлина, и јас повторно гледав!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се качував, полека, скала по скала, и кога ќе дојдев до највисоката греда, ја ставав раката над очите и гледав кон креветот, но секогаш скалата божем ќе се занишаше и јас јурнав надолу, од другата страна на скалата; потем повторно се качував, повторно гледав, но повторно нозете ми јурнуваа надолу, и ништо не виѓавав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа повторно гледа. Сеќавањето може да започне како чисто уживање на непцето: дедо ми Павле подготвува пита пастрамајлија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се љубеа долго и страсно, повторно гледајќи се, повторно љубејќи се, гледајќи се, љубејќи се...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)