Не се тргнува од вратата, им ја запира половината и повеќе светлина, ама светлината се смалува и од маглата која во пасамка пасамка поминува крај отворот и од ситните капки дожд за кои не знаеш дали паѓаат или стојат сѐ на едно место.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мене во мојата работа ме придвижува мотивот за повеќе разбирливост, за повеќе светлина, како што вели Гете. okno.mk | Margina #1 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Влегоа во гостинската одаја со долга трпезна маса и столбови од резба, шарен ткаен килим на подот, ѕидана печка во ќошето, тесни прозорчиња со бели платнени пердиња собрани на средината со ширит и запнати за рамката од прозорецот да влегува повеќе светлина; на челниот дел од одајата иконата на свети Наум со запалено кандило; на едниот ѕид стара слика на манастирот; на средината од масата свеќник со свеќи; на полицата над масата газјена ламба од бел порцелан.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Денот е со многу повеќе светлина од другите досега, ама како да се вратени во она февруарско утро од пред четири години, само што се чини дека ова не е гаковската станица од калната рамна земја! гласно размислува Чана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)