повеќе (прил.) - муштерија (имн.)

Горд беше Бошко повеќе и од дедо Димо што неговите самари се ем здрави, ем не ги убиваат добичињата, како што рекоа повеќе муштерии од Скопска Црна Гора, и од Блатието.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кладилниците имаат продолжено работно време и имаат повеќе муштерии од ноќните клубови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)