повеќе (прил.) - знае (гл.)

Работела како редактор, таму де, кај што се печатат книгите, вие повеќе знаете тоа како се вика, а и од таму го знае и татко ти.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Јас повеќе знам од тебе. Само заколнат сум да молчам.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Значи, тој беше го открил. Знаеше дека страда. Уште повеќе знаеше дека тоа страдање ќе го доведе до луди потфати.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ве гледаме како работите и сѐ повеќе знаеме дека ќе успее вашето дело.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Колку повеќе учиш, толку повеќе знаеш, колку повеќе знаеш, толку повеќе забораваш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сум знаела дека кога не е сам човекот и повеќе може и повеќе знае.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Колку помалку знаеш, вели, толку помалку забораваш, колку помалку забораваш, толку повеќе знаеш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој малку кажува за Гаково, мислам дека јас иако сум тука, повеќе знам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мислев, да не мислам повеќе знаев, неспремно ќе го дочекам денот посакувам парче среќа во злобата ко изгубен зрак од сонцето во снежен метеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)