повеќе (прил.) - губи (гл.)

Арсо сѐ повеќе губеше стрпливост. Овој брбливец го заморува И му беше здодевно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Не можам да говорам. Се повеќе губам сили и капнувам, Раскажувај ти.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Доаѓаше и третиот распуст, третото мачно лето, кога Луција не ја гледав и по два месеца, оти одеше на село, кај баба ѝ и дедо ѝ, а јас сѐ повеќе губев надеж дека некогаш, кога и да е, ќе успеам да ѝ се доближам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Насетуваше дека повеќе губи, отколку што мислеше дека ќе добие во разговорот за религијата и комунизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)