побрзо (прил.) - ќе (чест.)

Ете драги мои како побрзо ќе ви мине денот. Ако не верувате - обидете се и Вие!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Солуѓе, како вас, кои го изучиле правото, побрзо ќе се доближиме до Европа...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако тие принципи се оправдано цврсти, тие побрзо ќе те приближат до реализациите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се туркавме кој побрзо ќе застане пред тефтерот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко ми, бидејќи беше послободен, обично побрзо ќе се најадеше и ќе ја земеше Ели од рацете на мама, така што мама дури тогаш ќе ја завршеше вечерата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Низ сенките на урнатините крвта побрзо ќе тече барајќите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таквата безобзирност, глупаци, таквите соголеност и бескрупулозност побрзо ќе ги одуваат вашите пашалаци од било каква критика, сфатете го тоа, кретени!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Види мрави да не влегле во маштеницата, викам, од мравите побрзо ќе зоврие, ќе се скисели, викам, мрави, викам, мрави, мрави, од секаде мрави: во очите, под кожата, во маштеницата, види во маштеницата, викам, а Јон ми се одѕива, не слуша, а ми се одѕива, а мене сѐ ме боли и ме онеспособува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да видиме дали така ќе биде и со нас?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се договорија, според претходната шема, Камилски да избере пет збора со негативна, а Татко со позитивна конотација, верувајќи дека на тој начин побрзо ќе стигнат до крајот на мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаеш, пријателе, и Толстој пред да започне да пишува секое утро, испивал по чашка коњак, неоти крвта ќе струи побрзо во дамарите отколку што одредила староста, ама нешто мигновно побрзо ќе проструи во умот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крајот се разделија обајцата задоволни дека за нив зборовите се потврдуваат, живи или исчезнати, присутни или заборавени, често употребувани или запоставувани, како ѕвезди на земјата, кои ги осветлуваат односите меѓу луѓето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку побрзо ќе ѝ погледнете на реалноста со широко отворени очи, толку подобро.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Мило мое, колку што можам побрзо ќе дојдам“, ти реков.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Можеби надвор од болницата побрзо ќе се стабилизира.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Луѓето коишто можат да бидат горди на своите лични достигнувања, ќе бидат попаметни и посамостојни и побрзо ќе се спротистават на авторитетот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
2. Два света Стократна синонимијо вражи долу лавовска опашко ангелско при-паѓање на два света лет во јазикот Левијатан прв меѓу првите историјат на прекарот над името име едикојси во речта, аман, побрзо ќе умреш одошто во животот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Трчавме кој побрзо ќе стигне. Цела работа беше да ја фатиме сенката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со бавен чекор Пандо тапка пред себе, чепка со патерицата во глогот што расте крај патот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како да им беше страв дека, ако забрзаат, побрзо ќе стигнат некаде.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Скраја од џадето, скриена во збитолистот на благунот, пее белотртка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Покажав со глава кон планините. - Ајде, одиме, одиме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И знајте, колку побрзо ќе ги растоварите бродовите толку побрзо ќе стигне лебот на Грамос и Вичо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ај да си играме кој побрзо ќе го премине мостот! - викна Мони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога таа го правеше тоа изгледаше многу лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Двете ќе се грижиме за него, ќе го сакаме, а тоа побрзо ќе ни процвета.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Затоа веднаш ќе ја земете и ќе ја затворите долу во зимниците ќе ѝ оставите сенце да има што да јаде и колку што можете побрзо ќе си разотидете по домовите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се лажам да не така побрзо ќе си го најдам детето, да си го приберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, гледам дека и ти не сакаш да се облекуваш со „марка„ облеки – забележа таа и како во срце да ме погоди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На тој начин побрзо ќе стигне до својот сопствен стил и вкус.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)