212 Исто така и британската воена мисија Abbeville на 3 септември исвестува дека зголемувањето на Четвртата македонска бригада било многу побрзо отколку пристигнувањето на британската помош и дека во “моментот неопходно се потребни облека, чорапи, кондури, стенови“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Жителите на градот, сите со тага во очите, не разговараа меѓу себе. Се разминуваа без поздрав.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И не итајќи, во Шумшул- град влегол побрзо отколку што очекував.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Сѐ уште се надевал извлекувајќи го јатаганот од појас: можел да стаса до својот коњ побрзо отколку гонителите до него. Многуте гласови како да го сопнувале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А ноќта дошла побрзо отколку што очекувале, онаа ноќ бескрајно моќна да ги сокрие арамиите, заљубениците и грчот на животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако млад, речиси момче со фес и со јатаган во црвеномодриот појас, не бил брз - поткривнувал од стара рана од која понекогаш едната нога останува покуса.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак некои од луѓето можеле да наслушнуваат брзо чукање, скржлаво во звукот, тивко; тоа или земјата си го одбројувала крајот или нечие срце било пред молкнување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ненадејно еден глас чудно издупчен од ветар и од уплав, и пак со дива вера во себе, брзо, побрзо отколку што може да се изговори, рекол - Господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Видливо поистоштените останале да спијат по слабата вечера кој каде, во своите двоколки или во некоја плевна, или пред штала во која добичињата си ги плеткале роговите над грст сено, половината отишле со Онисифоровците да ја пребаруваат шумата над селото, за стражари биле определени Лазар Аргиров, Јован-Стојче Столетников, Никола Влашки и Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На старицата ѝ паѓа тешко разделбата со внукот и затоа го држи со ковчестите прсти за тврдата дланка и прикажува, малку побрзо отколку обично, како да се плаши дека нема да ги доискаже сите свои мисли што ја исполнуваат незината осаменост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Претставникот на Централниот комитет, следен со бурен аплауз од присутните, се доближи до микрофонот, го поднамести според својата висина и започна: - Другари, ние чекориме во комунизмот, многу побрзо отколку што можеа некогаш тоа да го предвидат и нашите највидовити стратези.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)