побрзо (прил.) - и (сврз.)

Оркестарот почнува мелодија која очигледно сите ја знаат, рацете се креваат во транс, а палмите се нишаат сѐ побрзо и побрзо.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Јас и лико повеќе ќе навиткам, и со восокот ќе го облепам, да потера побрзо и посигурно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во секој случај човек треба да се придржува за правилото кога е веќе во Истанбул, дека е поудобно да се вози со такси или „долмуш“ не само затоа што е поевтино, туку затоа што и побрзо и побезопасно ќе ве однесе на бараното место.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И си одам уште вечерва, си одам уште веднаш само да побегнам колку што се може побрзо и подалеку... - се истурија како порој зборовите на една незадоволна младост, расната сред кипнатиот живот на големиот град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И не само тоа. Веле се осмелуваше понекогаш да му предлага на Аргира и нови начини во работата за побрзо и поубаво ѕидање.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во мене одекнуваа вибрации од движењето на возот кој што сѐ побрзо и побрзо се приближуваше кон нешто ново, непознато, невидено...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Сам побрзо и подобро ќе си ја свршам работата, - им велам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стврднат како да ја чека смртта, мислеше дека ноздрите му се полнат со кисела, пресно ископана земја и чекаше - можеби веќе не ќе се пропнува проклетото `рзнување од кое се умираше побрзо и од острицата на зракот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сонцето слегуваше сега побрзо и само уште половината сјаеше на сртот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И замисли, дедо Пандо, по еден саат возење - Кажани.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сѐ побрзо и побрзо итавме на југ.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)