побргу (прил.) - и (сврз.)

Јас не знам што да земам побргу и само пушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За да се арчи стоката што побргу и капиталот да се коти како питоми зајаци по десет, дваесет, педесет и сто за едно, тој „правеше и друг себап“ даваше сѐ на вересија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Богдан гледајќи како се витка гола и како се умножува во огледалата, му стануваше уште поубава и поопчинувачка; не знаеше на кој дел од нејзиното тело побргу и повеќе да му се изнагледа и изнарадува; му се чинеше како првпат да ја гледа, како да не е таа Марија, ами некоја самовила што маѓепсува и излудува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа моја особина не се покажува како многу практична во реалноста, поради тоа што кога луѓето ги набљудувам малку поповршно, а помалку емоционално, повторно доаѓам до точен заклучок, само што овој пат побргу и побезболно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)